• CONTACT US
  • SITE MAP
  • SITE MAP
top

Company Introduction

  • Краток преглед
  • Бизнис
  • Порака од претседателот
  • Историја
    • Историја
    • Историја
    • Историја
  • Ceragem Macedonia
  • Култура на компанијата

글로벌 체험후기 고객의 사랑

경제사절단

Дома >Компанија>Историја> Приказна за економска мисија

2013, 2014 대통령과 함께한 세라젬 경제사절단 스토리
더 멀리, 그리고 함께 가기 위한 17일간의 힘찬 여정!

[2013년 6월 27일~30일]

마음과 믿음을 쌓은 3박 4일간의 여정 신뢰 외교를 바탕으로 전략적 협력동반자로 거듭난 중국

중국 이미지

(Лево) Групата на економската мисија на Кина присуствуваше на појадокот на покана од претседателката Парк Геун-хие (Десно)„Форум за нова стратегија за развој за корејски мали и средни претпријатија во Кина„ кој беше организиран за барање мерки за проширување на бизнисот во Кина.

Минатата година во јуни најголемата групација на економската мисија (71 лица) ја посети Кина заедно со претседателката Парк Геун-хие. Посетата ги наполни насловните страници бидејќи големината на групата од мисијата беше за 1,5 пати поголема од посетата на економската мисија во САД и повеќе од половина од членовите на мисијата се состоеше од мали и средни претпријатија. Исто така беше 2 пати поголема од мисијата на поранешниот претседател Ли Миунг-бак (36 лица) во Кина во 2008 година.

Групата на економската мисија присуствуваше на „Бизнис-форумот Кина-Кореја“ организиран од страна на корејската Стопанска и индустриска комора и кинескиот Совет за промоција на меѓународната трговија (КСПМТ). Во текот на форумот групата на економската мисија бараше мерки за економска соработка меѓу двете земји. Заедно со претседателот на Ceragem, Ли Ван-сеонг, околу 300 гости, меѓу кои владини функционери и бизнисмени од двете земји, присуствуваа на овој настан. Различни теми во однос на економската соработка беа дискутирани на фрумот, како што е статусот на инвестицијата Кина-Кореја, индустриската сорбаотка Кина-Кореја и соработката за еколошка енергија. Слоганот на мисијата во Кина беше „Сим Син Ји Риео“ избран од страна на претседателката Парк Геун-хие. Значењето на слоганот е патување со доверба и пријателство. Всушност, позитивниот исход од оваа посета ја воспостави новата рамка на врската меѓу Кина и Кореја за следните 20 години.

세라젬 중국법인 천진공장 전경

Кина како земја го има најголемото население во светот, а Кореја најголемиот пазар за извоз. Кина е многу важен пазар за бизнисот на Ceragem бидејќи речиси половина од продажбата се генерира од Кина. Ceragem започна свој бизнис во Кина пред 13 години и моментално Ceragem има 2 корпоративни канцеларии во Пекинг и Квиндио и 3 фабрики во Тианјин, Јанји и Хиујанман. Најголемиот производ на Ceragem, термалниот масажер за ‘рбет зазема 70% од уделот во пазарот на термални масажери во Кина. Термалниот масажер на Ceragem стана важен производ за здравјето меѓу Кинезите.

Фабирката Ceragem во Тианјин

중국 이미지

(Лево) Ceragem доби „Позната трговска марка на Кина“ како корејски мал и среден бизнис за првпат (Средина, десно) Статијата за добивањето на „Позната трговска марка“ на Ceragem на кинеските медиуми

Со комбинацијата од врвна технологија и основите на западната и источната медицина, термалниот масажер на Ceragem е признат за своите медицински ефекти насекаде во светот. Во 2011 година брендот Ceragem беше признат со добивањето на наградата за „Позната трговска марка на Кина“. „Позната трговска марка“ ја избира Министерството за индустрија и трговија на Кина земајќи ја предвид целосната евалуација на домашните и меѓународните брендови, вкупната продаќба и бизнис-активностите. За корејските компании, само три големи компании, како што се Самсунг и ЛГ се регистрирани под таа категорија. Ceragem е првата мала и средна компанија која ја доби „ПОзната трговкса марка“. Ова достигнување ѝ даде можност на Ceragem да доминира на пазарот на здравје во Кина како водечки бредн и меѓу кинеските клиенти е признаена како компанија на која може да ѝ се верува.

Освен тоа, Ceragem презема иницијатива за спроведување филантропски активности во локалните заедници во Кина. Минатата година, Ceragem доби награда за „Најдобрата компанија со општествена одговорност“ на церемонијата „Награди за здрава Кина“ која е престижна церемонија во сферата на здравствената нега во Кина. Наградата се доделува на онаа компанија која придонесла за доброто на јавноста со еваулација на исполнувањето на корпоративната општествена одгооврност. Ceragem беше првата странска компанија која ја доби оваа награда.

Ceragem ја поддржува едукацијата на студентите од семејствата со ниски примања со обезбедување стипендија (околу 350 милиони добиени) секоја година од 2007 година. Ceragem постојано ги спроведува своите општествени одговорности во различни сфери. Таквите напори вклучуваат промовирање на здравјето на луѓето во Кина; намалување на медицинските трошоци со развој на високо квалитетни медицински уреди; модернизација и римена на научниот пристап на традиционалната кинеска медицина и поддржување на вработувањето со обезбедување бесплатна обука на работното месо. Признавањето на брендот на Ceragem е на повисоко нив по посетата на економската мисија. Ceragem планира да го прошиеи бизнисот за грижа за здравјето во различни сфери, како што е функционалната здрава исхрана, прочистувачи за вода, прочистувачи на воздух и уред за лично дијагностицирање.

중국 이미지

(Лево) Ceragem ја доби наградата „Најдобрата компанија која исполнува општествена одговорност за здрава Кина во 2012 година“ (Средина) Ceragem учествува во кампањата за садење дрвја на корпоративната канцеларија Ceragem во Кина (Десно) Ceragem презема иницијатива за исполнување на општествена одговорност. Ceragem доделува фонд за стипендии на Владата Народна Република Јаџи во Кина.

[2013년 9월 7일~11일]

역대 최대 중소중견기업인 경제사절단 참여‘쩌우 까우’ 진정한 친구로 나라로 손 맞잡은 베트남

За посетата на Виетнам, претседателката Парк Геун-хие ја организираше најголемата група на економската мисија. Вкупно 79 бизнисмени (8 пати повеќе од кинеската мисија) и највисоките владини функционери учествуваа на мисијата во Виетнам. Особен 61% од бизнис-членовите на мисијата беа избрани од мали и средни претпријатија, така што повеќе беа земени предвид „практичните резултати“, а не беше организиран само „протоколарен настан“ со големи компании.

베트남 이미지

(Десно) Економската мисија на Виетнам учествува на вечерата за економската соработка Виетнам-Кореја на покана од претседателката Парк Геун-хие.
(Десно) Состанокот на економската мисија на Виетнам-Кореја за изнаоѓање мерки за зголемување на инвестициите во Виетнам

Групата на економската мисија присуствуваше на „Состанокот за економска соработка меѓу Виетнам и Кореја“ организиран од страна на владата и Стопанската комора на двете земји и разгледуваа мерки за економска соработка. Состанокот беше многу активен и практичен. Корејските компании и виетнамската влада разговараа за различните проблеми и решенија во текот на состанокот, како што се, мерките за подобрување на бизнисот и решението на проблемите со водење бизнис во Виетнам. Освен тоа, корејските бизнис-членови имаа можност за споделување информации за виетнамскиот пазар и за воспоставување на мрежа во текот на посетата.

베트남 이미지

(лево) Директорот на Ceragem Ли Ван-сеонг на состанокот за економска соработка Виетнам-Кореја (десно) Директорот на Ceragem Ли Ван-сеонг на ручек со Буи Кванг Вин, Министер за планирање и инвестиции на Виетнам

Виетнамската влада ја третираше корејската група на економската мисија со особена почит. На пример, виетнамската влада ги покани сите членови на мисијата на банкет прекршувајќи го дипломатскиот протокол според кој се покануваат неколку избрани гости. Ова беше доказ дека Виетнам и Кореја ќе бидат партнери од доверба за новата иднина. Виетнамскиот печат ја опиша виетнамската дипломатија како “Trau cau”. “Trau cau” е име на храна, односно овошје “cau” завиткано со лист од “Trau“. За Виетнамците оваа храна значи почеток на нова сторија, заложба за пријателство и почеток на љубов. Користењето на овој израз во дипломатијата значи дека Виетнам ја прифаќа Кореја како гостин и иден пријател.

Посетата на Виетнам ќе ја зголеми трговијата меѓу двете земји на 70 милијарди долари до 2020 година и донесе нов развој во договорите со владината политика од кои корист имаат двете големи компании, како и малите и средните компании. Во текот на посетата, корејските компании привлекоа големо внимание од виетнамските медиуми. Претседателот на Ceragem, Ли Ван-сеонг имаше интервјуа со Д Ло Тајмс и Инфо ТВ. Во текот на интервјуата, претседателот Ли ги претстави производите на Ceragem, го изнесе своето мислење во однос на здравјето и животната средина, а и го обелодени планот за проширување на центри на Ceragem во Виетнам.

베트남 이미지

(лево) Директорот на Ceragem Ли Ван-сеонг има нтервју со виетнамската национална телевизија, Инфо ТВ (средина) Директорот на Ceragem Ли Ван-сеонг на Инфо ТВ (десно) Виетнамскиот "The Law Times" пишуваше многу за Ceragem

Од почетокот на бизнисот во Виетнам во 2008 година, Ceragem игра важна улога како мост меѓу двете земји за заеднички раст. Моментално отворени се 30 Ceragem центри во Ханои и Хо Ши Мин. Ceragem постојано расте врз основа на локализацијата на специјализираната маркетинг-стратегија на Ceragem и големото признавање на брендот меѓу виетнамските клиенти. Моментално бројот на клиенти што го посетуваат центарот дневно изнесува во просек 500. Ceragem планира да ја подобри услугата за клиентите оваа година и да се фокусира на промовирање на здравјето на Виетнамците со исполнување на потребите на клиентите.

[2014년 1월 15일~18일]

기회의 땅에서 새로운 성장 엔진을 발견하다 아시아의 세기를 함께 열어 갈 전략적 파트너, 인도

Продажната дипломатија на претседателката Парк Геун-хие најголем успех постигна во Индија, наголемата демократска земја во светот и најголемиот пазар со 1,2 милијарди население. Индија има висока меѓународна репутација во сферата на врвната технологија, како што е информатичката технологија и аероиндустријата. Имајќи го предвид тоа, Индија е клучниот партнер за соработка на Кореја за реализација на креативна економија.

인도 이미지

(Лево) Претседателката на Кореја и претседателот на Индија се сликаат пред Самитот на Индија и Кореја (Десно) Претседателката ПАрк Геун-хие и премиерот Манмохан Син на Самитот Индија-Кореја

Претседателот Пар Хеун-хие ја избра Индија како првата странска земја за дипломатска посета. Во текот на посетата од 15 до 18 јануари, претседателката Парк ги зајакна односите меѓу двете земји на повеќе нивоа. За ова патување во Индија, 70 членови на економската мисија, вклучително и директорот Ли Ван-сеонг го придружуваа претседателот.

인도 이미지

Ручек за Форумот за економска соработка на Индија и Кореја

Групата од економската мисија присуствуваше на „Форумот за економска соработка меѓу Индија и Кореја“ и договорија мерки за проширување на инвестицијата во двете земји. Групата од економската мисија започна иницијатива за проширување на економската соработка во приватниот сектор и играше важна улога за проширување на основата за влез на индискиот пазар кој има 1,2 милијарди население.

Минатата година, одбележувајќи ја 40-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи, Индија и Кореја поставија насока за развој на двете земји за следните 40 години. Индија и Кореја се договорија за подобрување на Договорот за економско партнерство (СЕРА) кој е во сила од 2010 година и ја ревидираа Спогодбата за избегнување двојно оданочување како мерка за зајакнување на актуелната соработка за подобрување на „стратешкото партнерство“ меѓу двете земји. Од посетата на оваа економска мисија, Кореја постигна големи економски резултати кои одговараат на Кореја, како проширување на основата за корејските компании за влез во индискиот пазар, како и отстранување на тешкотиите при водењето бизнис во Индија.

인도 이미지

(лево) Индиски клиенти чекаат во ред да пробаат производ на Ceragem (десно) Одличните глобални дистрибутери од Индија во посета на седиштето на Ceragem во Кореја

Индија, земјата која се нарекува земја на нови можности, е позната и како „земјата која има илјадници лица“ поради етничката и културолошката различност, притоа имајќи 28 држави со 15 официјални јазици, различни религии, голем јаз меѓу богатите и сиромашните и статусниот систем кој постои со години. Иако Индија е голема земја во која живее 1/6 од светското население, медицинската инфраструктура не е добро опремена, така што центрите на Ceragem секогаш се полни со индиски клиенти. Моментално корпоративната канцеларија на Ceragem во Индија расте најбрзо од сите 70 прекуокеански корпоративни претставништва на Ceragem од почетокот во 2008 година. Ceragem Индија се стреми да стане најуспешното прекуокеанско корпоративно претставништво надевајќи се дека ќе го обнови моменталниот рекорд. Има 300 Ceragem центри кои што работат во Индија, но сепак, охрабрени од „треската Ceragem“ во Индија, оваа година Ceragem Индија планира да го удвои бројот на центрите. Со зголемувањето на бројот на центрите, ќе се овозможи културна едукација која ќе ја пренесе уникатната вредност на Ceragem на индиските клиенти имајќи ги предвид различните локални култури и обичаи во зависност од религијата и провинцијата. Индискиот пазар прилекува внимание за големиот потенцијал колку што расте кинескиот пазар.

Ceragem Индија постигна рекорд со најголем број извонредни дистрибутери. Околу 100 извонредни дистрибутери од Индија беа поканети на глобалната конференција за дистрибуција која се одржа во седиштето во Кореја. Директорот на Ceragem Ли Ван-сеонг за интервјуто со индиските медиуми рече, „Индија се смета како тешка земја за водење бизнис, сепак Ceragem успеа да постигне успех со постојан пробен маркетинг и со довербата на клиентите. Ceragem ќе го продолжи постојниот бизнис и ќе бара нови можности, а и ќе расте како корејска компанија која е признаена во Индија“.

인도 이미지

(Лево) Ceragem претставен пред најголемите медиуми во Индија, како што се Business Standard, Financial express и Mail Today (Десно) Директорот на Ceragem Ли Ван-сеонг на YTN

[2014년 3월 25일~28일]

창조 경제의 핵심, 강소기업의 나라에서 제2 도약의 지혜를 발견하다 세계 최강 ‘히든 챔피언’ 왕국, 유럽경제의 기관차 독일

11-тата посета на претседателката Парк Геун-хие беше во Германија која беше 4 земја која ја посети претседателот оваа година. Посетата во Германија го привлече вниманието од почетокот поради најголемата група на економската мисија (вкупно 105 бизнис-членови) која го придружуваше претседателот. На овој начин се прикажа силната волја на претседателката Парк, Геун-хие за реализација на креативната економија. Претседателот посвети внимание на малите и средните компании кои во голема мера ја поддржуваат економијата на Германија.

인도 이미지

(Лево) Претседателката Парк Геун-хие се фотоградира по самитот на канцеларката Ангела Меркел и пред прес-конференцијата (десно) Ланчеон за германско-корејските бизнисмени

Германија и Кореја имаат многу сличности на многу начини. Не само што двете земји имаат искуство на поделена земја, туку и аспектот на економски раст врз основа на производствената индустрија и големината на домашниот пазар се многу слични. Освен тоа, како поразена земја во Втората светска војна, Германија доживеа големи турбуленции како резултат на војната, поделба на земјата и обединување на земјата. Сепак, Германија ги надмина тешкотиите и сега има голема економска сила која игра важна улога за економијата на цела Европа. Клучот на успехот на Германија и разликата од развојот на другите напредни земји е тоа што многу мали и средни компании, „Скриените шампиони“ се двигателите за економски развој на Германија.

Производите на овие компании имаат најголем удел на глобалниот пазар, но не се познати на јавноста. Кореја го постигна чудото на реката Хан со посветеност и искреност во минатото, но сега е време за втората економија да настапи по примерот на „германска мала компанија, но силна (Скриен шампион)’. Главната цел на посетата на Германија беше да се означи нивниот успех за исполнување на оваа задача. Одличниот економски исход беше генериран од посетата. Двете земји се согласија да ја зголемат размената меѓу Скриените шампиони и да соработуваат во бизнис-проектот.

На „Конференцијата на германско-корејски скриени шампиони“ која се одржа на 27 (локално време) беа изнесени многу пораки и можноста за подобрување на корејските компании. Оваа конференција беше подготвена од страна на Корејската федерација на мали и средни бизниси со поддршка од Korea Exchange Bank, Indusial Bank of Korea, Korea Trade Insurance Corporation и BVMW (Bundesverband mittelstandische Wirtschaft) за воспоставување мрежа за корејските мали и средни бизниси да влезат на германскиот пазар и да добијат можност за означување на германските Скриени шампиони.

인도 이미지

(Лево) Директорот на Ceragem Ли Ван-сеонг во посета на Конференцијата на германско-корејски скриени шампиони (Десно) „Конференција на германско-корејски скриени шампиони“ за потрага по мерки за култивирање на „Глобалниот скриени шампион“

На оваа конференција учествуваа многу важни гости и имаше дискусија за мерките за поддршка на корејските мали и средни бизнис за да прераснат во глобални Скриени шампиони. Од Кореја, Јун Санк-јук, Министерот за трговија, индустрија и енергија и Чо, Вон-донг, Вицесекретар на претседателот за економски работи присуствуваа на овој настан со 70 бизнис-членови од мали и средни компании. Од Германија на конференцијата присуствуваа 38 бизнисмени кои ги претставуваа германските скриени шампиони и директорот на BVMW, Марио Оховен. Корејските членови од малите и средните компании се согласија дека корејските мали и средни бизниси треба да стана дел од глобализацијата како германските компании со помош на силата од корејските компании. Освен тоа, се согласија дека „малите џинови“ треба да растат како нови двигатели и клучна движечка сила на корејската економија.

인도 이미지

(Лево) Поглед на Корпоративниот центар на Ceragem во Германија (Средина) Германските клиенти ги испробуваат производите на Ceragem (Десно) Семинар на европските дистрибутери на Ceragem

Ceragem го започна својот бизнис во Германија во 2002 година очекувајќи успех во Германија и Европа со високо квалитетните производи на Ceragem и импресивната услуга за клиенти. Сепак, концептот на бесплатна проба беше тежок за Германците да го прифатат и им претстави негативна слика. Причината беше што во Германија сè се наплаќа дури и користењето тоалет и чаша вода во ресторан, така што бесплатна услуга беше чудно за нив. Освен тоа, Германците се многу горди на германските производи, така што не беше лесно да почнат да му веруваат на непознат ориентален производ.

인도 이미지

(Лево) Термалниот масажер на Ceragem претставен во Берлин NDR (Десно) Центарот на Ceragem претставен во германското неделно списание DIE ZEIT

Поради неочекуваната реакција на клиентите, Ceragem веднаш ја смени маркетинг-стратегијата. Новата маркетинг-насока беше прво да се стекне довербата од германските клиенти, а не емотивниот пристап. Ceragem на прво место го стави фактот дека производите на Ceragem се одобрени од CE, GS and FDA наместо да го нагласува начелото на источната медицина и алтернативната медицина.

Исто така, производите на Ceragem воспоставија класа за важноста на здравствениот менаџмент. Овој логички маркетинг-пристап започна да влева доверба кај германските клиенти. Друга пречка беше јазичната бариера додека се добиваше позитивен одговор од клиентите. Проблемот беше предизвикан од зголемениот број странски клиенти од соседните земји. За да се реши проблемот, Ceragem ангажираше многу локални вработени кои можеа да вршат превод за непречена комуникација. Ceragem спроведи програма за систематска едукација за локалните вработени да можат да нудат услуга за клиентите на корејски начин и да го прошират маркетингот на Ceragem со емоционален пристап. Многумина во Европа имаат депресија поради нискиот атмосферски притисок и лошите временски услови и чувство на осаменост од културата на индивидуализам. Така, топлината што Ceragem треба да ја дава започна да навлегува кај локалните клиенти.

Од 2004 година, по 2 години водење бизнис со надминување на тешкотиите, многу од германските медиуми, како што се берлинскиот “NDR” и франкфуртскиот “HR” и неделното списание “DIE ZEIT” започнаа да посветуваат внимание на Ceragem. Огромната популарност во Германија ги погоди и другите соседни земји. Ова стана детонатор кој му овозможи на Ceragem да влезе во многу европски земји, како што е Франција, Обединетото Кралство и Швајцарија. Корпоративната канцеларија на Ceragem во Германија се обидува да ги задоволи потребите на клиентите со отворање на дополнителни 20 центри освен оние 19 центри кои моментално работат.

Ceragem исто така ќе ја воведе и услугата „Искуство од дома“ како нова марткетинг-стратегија. Ceragem планира да воведе програми за услуги со две методи. Клучниот план е да се добие признание од клиентите со стекнување конкурентност преку постојан развој на производите и постојано да расте со ширење на филозофијата за здравје на Ceragem. Растот на Ceragem ќе продолжи до денот кога Ceragem ќе стане глобален „Скриен шампион“ на пазарот на термални масажери.

[2014년 6월 16일~20일]

제2의 실크로드 향한 협력 및 다짐 중앙아이시아(우즈베키스탄/카자흐스탄)

Евроазискиот континент е најголемиот континент во светот со околу 71% од светската популација и распространувајќи се во 12 часовни зони од источниот крај до западниот крај. Евроазија беше лулката на античката цивилизација во долгата историја на човештвото и ја започна иницијативата за унапредување на човековата цивилизација со размена и соработка преку Патот на свилата. Во минатото, евроазискиот континент беше унапреден во простор за ‘комуникација, отворање, креативност и конвергентност“ преку размена и конвергентност на цивилизацијата која го пренесува календарот од западниот свет на источниот свет. Корејскиот полуостров беше почетната точка за источната големина на Евроазискиот пат.



중앙아시아 이미지

(Лево) Претседателот Пар Геун-хие на Средбата со Корејците во Казахстан и децата ја пречекуваат претседателката Парк Геун-хие (Десно) Претседателката Парк Геун-хие наздравува на Средбата со Корејците во Казахстан

Претседателката Парк Геун-хие потврди дека „Изградбата на новата Евроазија“ мора да биде изводлива цел во центарот на Конференцијата на Евроазија. Транспортната инфраструктура преку границите меѓу земјите ќе овозможи намалување на трошоците за испорака и користењето енергија, минерални ресурси и фармите ќе произведуваат поефикасно. Новата Евроазија ќе даде можност за вработување и нови инвестиции за нас и игра улога како континент кој води до следната генерација.

За остварување на иницијативата за Евроазија, вториот Свилен пат, претседателката Парк побара развој на потенцијата соработка со отворање нов канал за комуникација во Евроазија. Средна Азија беше центарот на Свилениот пат во минатото и ќе биде клучен партнер за спроведување на иницијативата за Евроазија, дипломатската политика на Кореја. Така, патот на претседателката Парк со економската мисија беше многу важен.



중앙아시아 이미지

((Лево) Претседателката ПАрк Геун-хие (средина) Поздравување на Бизнис-форумот Кореја-Узбекистан (десно) Директорот Ли Ван-сеонг, Ceragem на форумот.

Узбекистан е најголемиот трговски партнер (2 милијарди долари во 2013 година) на Кореја во многу земји во Средна Азија каде што живеат најголемиот број на Корејци. Трговијата меѓу Кореја и Узбекистан беше само 3 милиони долари кога беа воспоставени дипломатски односи и надмина 2 милијарди долари во 2013 година, 600 пати повеќе од првата година кога дипломатските односи беа воспоставени во 20 години. Моментално, Узбекистан стана најголемиот трговски партнер на Кореја во голем број земји во Средна Азија.

На самитот, претседателката Парк рече, „се согласивме да воспоставиме пријателски односи. Заедничката изјава денес ќе биде план за да се потврди стратешкото партнерство меѓу двете земји и да се нагласат практичните пристапи за соработка во различни сфери“.

Претседателката Парк нагласи дека трговијата е една од најважните сфери за соработка меѓу двете земји и дека соработката за инвестиции меѓу двете земји значително ќе се развива кога инвестициските планови на корејските компании, вклучително и развојот на големи ресурси и инвестиции во градежната инфраструктура ќе биде успешно применувана за да привлече инвестиции и финансиска поддршка на Узбекистан.

Во оваа смисла, претседателката Парк го поздрави MOU за соработка за инвестиции меѓу Министерството за трговија, индустрија и енергија на Кореја и Министерството за странски економски односи и инвестиции на Узбекистан и договорот за зголемување на кредитите меѓу Кореја Ексим Банк и Банката на Узбекистан.



중앙아시아 이미지

‘Заедничка изјава за развој и интенвизирање на стратешкото партнерство меѓу Кореја и Узбекистан’

Договорот беше за постојано проширување на трговијата со прогресивно користење на дополнителната економска структура поврзано со стратегиското партнерство меѓу двете земји. Откако иницијативата од корејската влада е иста како целта на владата на УЗбекистан, двете земји може да го зајакнат своето стратегиско партнерство преку блиска соработка.

Во меѓувреме директорот на Ceragem Ли Ван-Сеонг учествуваше на Бизнис-форумот на Кореја и Узбекистан како член на Економската мисија. Околу 400 лица во политичкиот и финансискиот свет во двете земји учествуваа во форумот. Голем број MOU поврзани со бизнис, беа воспоставени меѓу владините организации и компании во двете земји. Учесниците разговараа за пристапите за соработка во различни сфери.



중앙아시아 이미지

(Лево, десно) Директорт на Ceragem Ли Ван-Сеонг и доректорот за соработка во Казахстан на Бизнис-форумот на Кореја и Казахстан

Казахстан е најголемиот инвестициски партнер на Кореја во голем број земји во Средна Азија. Околу 250 корејски компании водат бизнис таму. Казахстан го имплементира проектот за економски развој од 10 милијарди долари во енергија, ресурси и инфраструктура со Кореја. Казахстан има потенцијал за поголема

Двете земји склучија договор за укинување на визниот режим за пасошите за поттикнување соработка и размена на луѓе и култура, вклучително и соработка за проектот за модернизација на корејската железничка пруга преку MOU за железничка соработка склучен во текот на посетата на претседателката Парк.

Казахстан достигна значаен економски развој со влегувањето во меѓународната заедница по доброволното откажување од нуклеарното оружје. Постепено се посветува на укинување на развивањето на нуклеарно оружје. Претседателката Парк ја потврди соработката на претседателот Назарбајев за Дрезденската иницијата и ги потврди желбите на претседателот Назарбајев кој е против развивањето нуклеарно оружје во Северна Кореја. Освен тоа, Претседателката Парк рече дека го поддржува пристапувањето на Казахстан во СЗО.

Претседателот Назарбајев нагласи дека Казахстан би бил значаен партнер на Кореја поддржувајќи ги политиките и економската соработка на корејската влада, проширувањето на соработката во Евроазија и дипломатијата во Средна Азија за заеднички просперитет и соработка.



중앙아시아 이미지

(Лево) Средба на самитот на претседателката Парк Геун-хие и претседателот Назарбајев (десно) Претседателката Парк Геун-хие и претседателот Назарбајев на Заедничката конференција за прославување на самитот на Кореја и Казахстан

Најзначајно постигнување на ова патување беше поддршката за активностите на корејските компании во Средна Азија. Поконкретно, Казахстан склучи договор за набавка на енергија генерирана во електричната централа Балкхеш чија главнина главно е во сопственост на корејски компании. MOU за изградба на нова електрична централа беше склучен во текот на првата државна посета во Туркменистан. Се подготви основата за навлегувањето на корејски компании.

Претседаелката Парк нагласи, „2050 Стратегија“, националниот план за модернизација на Казахстан, има нешто заедничко со Креативната конкуренција што ја води Кореја. Така што, важно е да се истражува иднината заедно.“

Повеќето земји во Евроазија ја сметаат креативноста на јавноста како клуч за генерирање на нова движечка сила за развој и посветување за економски иновации врз основа на таква креативност. Мора да истражуваме нови бизниси за да ја сфатиме иницијативата на Евроазија за „Еден континент“, „Континент на креативност“ и „Континент на мирот“, како и да се обидеме да воспоставиме потенцијали за соработка со отворање на каналот за нова комуникација во Евроазија.

Со огромните напори за бизнис-соработка за да се согледа иницијативата на Евроазија, Ceragem ја отвори подружницата во Казахстан во мај 2006 година и раководи со центарот во близина на Алмати и Астана. Ceragem постојано расте со специјализираниот маркетинг-искуство за ги има предвид импресиите на клиентите во Казахстан.

Директорот на Ceragem, Ли Ван-сеонг, беше единствениот член избран во индустријата за производство на медицински реди за патувањето на претседателката Парк во Средна Азија. Тој рече, „ Ceragem ќе ига улога за да ја прошири основата за влез во пазарите во Средна Азија за корејските компании како отскочна штица на иницијативата на Евроазија за заеднички раст во Средна Азија“. Тој потврди дека Ceragem ќе биде претставник на производителите на медицински уреди во Кореја во Средна Азија, постојано барајќи нови можности, но и со зајакнување на постојниот бизнис.

[2015년 4월 18일~26일]

기회의 대륙 중남미(콜롬비아, 페루, 칠레, 브라질) 지구 반대편까지 확대해 가는 우리 경제 영역

Турата на претседателката Парк Геун-хие во Средна и Јужна Америка заедно со групата од економската мисија беше една од најголемите. Како што расте улогата на бизнис-лидерите во мисијата, се зголемуваат и очекувањата во индустријата. Претседателката Парк го посети Перу, Чиле и Колумбија во текот на оваа тура. Овие земји се многу важни за економијата на Средна и Јужна Америка, населениот и БДП на тие 3 земји е една половина од населениот и БДП-то во цела Средна и Јужна Америка.

Особено со стабилниот економски раст во тој регион, средната класа се зголеми за 41% во споредба со 2010 година, побарувачката за вредни производи и услуги, како што се автомобили, комуникациски уреди и медицински уреди исто така расте со забрзано темпо во овој регион. Средна и Јужна Америка се важни нови пазари заедно со Азија.



중남미 이미지

(лево) Претседателката Парк Геун-хие во посета со Корејците во Колумбија и децата ја поздравуваат (десно) Претседателката Парк Геун-хие држи краток говор на средбата со Корејците во Колумбија

Кореја склучи Договор за трговија со странство со Чиле и Перу. Моментално, националното собрание подготвува постапка за ратификација за FTA со Колумбија.



중남미 이미지

(лево) Претседателката Парк Геун-хие држи краток говор на Бизнис-форумот Кореја-Чиле (средина) Главниот извршен директор Ли Ван-сеонг, CERAGEM на форумот(десно) Претседателката Парк Геун-хие држи краток говор на Бизнис-форумот Кореја-Перу

На оваа тура Кореја се обиде да ги прошири трговските сфери на земјите во Средна и Јужна Америка кои моментално се фокусирани на автомобилската индустрија и електрониката. На турата службениците и бизнис-лидерите ја дискутираа идејата за диверзификација на трговските сфери во информатичка и комуникациска технологија, здравствена грижа и енергија врз основа на културолошкото разбирање со ширење на корејскиот бран.



중남미 이미지

'Церемонија за потпишување на претседателката на Република Кореја Парк Геун-хие и претседателот на Перу, Оланта Хумала’

За да се диверзифицираат сферите на трговија, Кореја се фокусираше на проширувањето на трговската основа, потпиша MOU со локалните компании за дистрибуција и асоцијациите за поддршка на онлајн бизнисите на корејските компании кои се отвораат во Средна и Јужна Америка. Освен тоа, Кореја го поддржа воспоставувањето на систем за е-трговија за да им помогне на корејските компании да ги намалат трошоците и времето на обработка. Кореја воспостави и основа за младата работна сила на Кореја за влез на пазарот во Средна и Јужна Америка со потпишување договор за сезонска работна виза, MOU за глобални старт-ап компании и MOU за размена на стручни кадри.

Вкупно 125 компании ја придружуваа претседателката како група на економската мисија на оваа тура. Учеството на компаниите во економската мисија во Средна и Јужна Америка беше најголемо во споредба со претходните тури: 10 компании повеќе учествуваа во оваа тура во споредба со онаа на Средниот Исток. Особено се зголеми учеството на мали и средни компании (78 компании) на оваа тура. Стапката на учество на тие мали и средни компании изнесуваше 62% од сите компании во мисијата, што е зголемување за 9% од претходната тура на Средниот Исток (51%).



중남미 이미지

(лево) Претседаелката Парк Геун-хие држи краток говор на Бизнис-форумот Кореја-Перу (средина/десно) Главниот извршен директор, Ли Ван-сеонг, CERAGEM на форумот

Од друга страна, Ceragem е во потрага по локализација во оперативниот бизнис во Јужна Америка од започнувањето на бизнисот во 2008 година. Ceragem освен вработување на локални жители, прави напори да ја промовира и корејската култура и алтернативната медицина; насочувајќи се кон локалните жители да ги промовираат производите на Ceragem во согласност со локалната атмосфера. Како резултат на напорите, моментално Ceragem успешно раководи 50 Ceragem центри во регионот.

Директорот на Ceragem, Ли Ван-сеонг се приклучи на турата на економската мисија во Средна и Јужна Америка. Ова е шести пат да учествува во економска мисија. Директорот Ли побара активна соработка за корејските компании во бизнисот во Средна и Јужна Америка на официјалната вечера организирана од страна на претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос и претседателот на Перу, Оланта Хумала.



중남미 이미지

(лево) Покана за државниот банкет од претседателот на Колумбија (средина/десно) Покана за државниот банкет од претседателот на Перу и претседателката Парк Геун-хие на државниот банкет

Тој рече, „Кореја и земјите во Средна и Јужна Америка треба да ги диверзифицираат бизнис сферите во заедничка инвестиција, технолошка соработка и стратегиско партнерство кое излегува од рамките на обична трговија“. Освен тоа, директорот Ли го посети Ceragem центарот во Средна и Јужна Америка и ги охрабри вработените. Тој ја изрази својата благодарност за неверојатниот успех на вработените кои играат улога како дипломати и мост кој ги поврзува Кореја и Средна и Јужна Америка, надминувајќи ги тешкотиите во бизнисот.



중남미 이미지

(лево/десно) Главниот извршен директор Ли Ван-сеонг ги охрабрва службениците и вработените во центар на CERAGEM во Средна и Јужна Америка

[April 2~5, 2016]

'Dream and Try to Achieve It' 'Amigo to Open Future Together' Mexico

Мексико е бизнис-партнер на Кореја во заедничката соработка. Мексико е вториот најголем пазар по Бразил со голем број минерални ресурси и евтина работна сила. За обезбедување на важниот пазар во Мексико и Средна и Јужна Америка, голем број лица од економската група го придружуваа претседателката Парк на бизнис-мисијата во Мексико. Ова беше најголемата бизнис-мисија која некогаш била испратена во Мексико.



Mexico img

(лево, десно) Претседателката Парк Геун-хие учествува на состанокот со Корејците и Мексиканците

Оваа посета на Мексико е важна во однос на исполнување на „Economic Diplomacy Band in the Pacific Rim“. Како продолжение на промотивната бизнис-посета во најважните земји од пацифичкиот регион (Јужна Америка), како што се Колумбија, Перу и Чиле, посетата на Мексико е одраз на големата желба на корејската влада да ја промовира економската соработка меѓу Средна и Јужна Америка.

Мексико е голем пазар кој веќе воспоставил Транспацифичкото партнерство (ТПП) и мрежата ФТА со 45 земј. Претходно вниманието на корејските компании беше свртено кон Мексико како мостобран за да влезе во пазарот во Северна Америка и Средна и Јужна Америка. Мексико го привлекува вниманието со иновациите во однос на трговските регулативи и имплементирајќи ја политиката за привлекување странски инвестиции, како и подобрување на конкурентноста на Мексико по инаугурацијата на претседателот Енрике Пена Нието во 2012 година. Фајненшл Тајмс го нарече Мексико „Ацтецки тигар“ бидејќи Мексико ја втиснува својата слика како производна база во светот.



Mexico img

(лево, средина) Претседателката Парк Геун-хие и групата од бизнис-мисијата учествуваат на Бизнис-форумот Кореја-Мексико (десно) Директорот на Ceragem Ли, Ван-сеонг учествува на Бизнис-форумот Кореја-Мексико

Во текот на Корејско-мексиканскиот самит, претседателката Парк, Геун-хие направи напори да се подготви основата за подобрување на новите двигатели за раст на Кореја, вклучително и експанзијата на индустријата која има додадена вредност, инфраструктурата и културолошката индустрија. Двете земји остварија најголема економска соработка од оваа бизнис-мисија во Мекско. 34 MOUs беа потпишани во различни сфери, вклучително е-трговија, здравство, транспортна инфраструктура, финансии, безбедност и креативна културолошка индустрија. Тимот на бизнис-мисијата се состојеше од вкупно 144 корпорации, вклучитено 95 мали и средни компании кои бараа бизнис можности во Мексико и на американскиот пазар преку бизнис-форуми и бизнис-консултации еден на еден со компаниите. Најголемиот исход е повторното започнување на преговорите за FTA меѓу Кореја и Мексико по застој од 8 години.



Mexico img

(лево, десно) Претседателот на Кореја и Мексико со претставниците потпишуваат MOU за економска соработка.

Ако FTA меѓу Кореја и Мексико успешно се реализира, се очекува Кореја да го прошири економската област многу повеќе од претходно (моментално 74,6 %). На овој начин ќе се направи пат за извоз на производите од Кореја за кои има проблеми поради високиот данок на увоз. FTA меѓу Кореја и Мексико се очекува да им помогне на корејските компании да ги прошират своите бизниси на прекуокеанските пазари и да се подготват за глобална конкурентност.



Mexico img

Претседателот на Кореја и претседателот на Мексико на прес-конференција во Палатата на претседателот во Мексико Сити

Глобалната компанија за здравствена грижа, Ceragem, го води својот бизнис во Мексико веќе 12 години, од 2004 година. Моментално Ceragem има 56 Ceragem центри во Мексико. Директорот на Ceragem, Ли, Ван-сеонг го охрабри локалниот персонал и вработените кои беа мост кој поврзуваа две земји економски и културолошки и покрај тешкото опкружување. Директорот Ли ја искажа својата почит кон нивните напори велејќи, „Одличните вработени како вас придонесоа да биде Ceragem она што е денес и сите вие сте иднината на Ceragem“.



Mexico img

(лево, десно) Директорот на Ceragem Ли, Ван-сеонг во посета на вработените во центарот во Мексико

Мексико беше почетната точка за ширење на корејскиот културен бран во регионот на Средна и Јужна Америка на почетокот на 2000 година. Од оваа тура во Мексико, Кореја ја потврди моменталната популарност на корејската културолошка индустрија во двете земји. Корејската култура е многу популарна во регионот на Средна и Јужна Америка, вклучително и Мексико. Се вели дека 2 милиони Мексиканци вежбаат Теквондо, корејско традиционално карате. Многу популарна е и корејските танцови. На оваа тура, на интернет-страницата веднаш се распродадоа сите билети за шоуто на кое беше претставена корејската култура кое се одржуваше во концертната хала пред публика од 3200 лица.



Mexico img

(лево, средина) Настап на корејска поп-група и теквондо (десно)Претседателката Парк, Геун излегува на сцена

Двете земји се согласија да соработуваат повеќе за подобрување на креативната културолошка индустрија. На тој начин културолошката сфера на Кореја повеќе ќе се проширува овозможувајќи повеќе луѓе да уживаат во корејската култура на глобално ниво.

Пазарот во Средна и Јужна Америка, вклучително и Мексико ќе биде син океан кој креира нова индустрија со додадена вредност и ќе ја промовира културолошката индустрија на Кореја на поголемиот пазар.

Како што напишал мексиканскиот поет, Октавио Паз во својата поема, „Сонувај и обиди се да го оствариш“, ако Мексико и Кореја се обидат да сонуваат за да ја подобрат економијата и културата за двете земји, ќе го подобрат и статусот на нациите за ниво погоре. Оваа тура во Мексико го продлабочи пријателството меѓу Мексико и Кореја како пријател за започнување просперитетна иднина заедно со надминување на географските бариери.