• CONTACT US
  • SITE MAP
  • SITE MAP
top

Research and Development

  • Наука за рбетот
  • Центар за истражување и развој
  • Сертификати
  • Проектирање

글로벌 체험후기 고객의 사랑

Spine Science

Home > R&D > Spine Science

카이로프랙틱(척추교정요법)

Зборот киропрактика доаѓа од грчкиот збор cheir што значи „рака“ и prattein што значи „третман“. Тој збор се користеше за медицински третмани само со помош на рацете без хирургија или примање лекови, сепак денес зборот се користи за коригирање на рбетот. Во светот овој метод стана познат околу 1895 година; д-р Дејвид Палмер го воспостави принципот во однос на медицинската наука за киропрактика. Во тоа време беше интегриран третман кој вклучуваше терапија со масажа, терапија со вода, терапија со зрачење, магнетска терапија, хомеопатија и местење коски. Кога интервертебралните дискови се контрахираат со што пак се потиснуваат 31 мрежа на ’рбетните нерви од ’рбетниот мозок и на тој начин предизвикува функционални проблеми, киропрактиката е научна област која ги третира таквите состојба со приспособување на ’рбетот со рака, помагајќи му на телото да го излечи самото по природен пат. Киропрактиката е призната низ светот во 70 земји како формална медицинска пракса.

Со киропрактиката се коригираат деформирани 'рбетни региони со помош на рацете или со користење опрема. Ако ’рбетот е деформиран или искривен, ’рбетните нерви се потиснуваат и оваа состојба е причина за различно несоодветно функционирање на органите кои се поврзани со ’рбетните нерви. Најчести современи заболувања како што се лумбаго, тинитус и несоодветно функционирање на автономните нерви се последица на проблеми со рбетот, најчесто крив или деформиран рбет. Со корекција на деформираниот или кривиот 'рбет, се коригира нервниот систем, се подобрува работата на органите, е забрзува циркулацијата на лимфата и се зајакнува имунолошкиот систем, се спречуваат заболувања и се забавува процесот на стареење.

Горниот резултат е добиен со истражувањето направено и објавено со заеднички напор на Меѓународното здружение за киропрактика, Центарот за истражување во областа на киропрактиката и Институт за истражување во областа на киропрактиката во Палмер.

온열치료

Термотерапија обично користи спроведена топлина или сончева топлина, во однос на првото, постојат методи во коишто користи песок, топла бања, парафински восок, термална бања и парна бања. Што се однесува до методот со сончева топлина, има капење во електронска светлина, зрачење со ултравиолетови зраци и метод со висока фреквенција. Термотерапија помага да се подобри циркулацијата на крвта,

ја поттикнува работата на метаболизмот и ја намалува болката, тензија на мускулите, затоа е познат метод за подобрување на проблемите со артритис, намалување на болките во мускулите и другите хронични воспаленија, а исто така помага во закрепнувањето од замор.Главната причина за примена на топлина врз телото е да се забрза крвотокот со зголемување на температурата на телото. Ако температурата на телото паѓа дури и под 1 °C, почнуваме да страдаме од различни болести поради студ, за разлика, пак, ако нашата телесна температура се крева дури и до 1 °C, ние почнуваме да се чувствуваме летаргични и почнуваме да бидеме понеактивен. Фактот дека фаталноста е неизбежна ако нашето срце почне несоодветно да работи и температурата на телото почне да опаѓа, укажува на важноста на термотерапија.

Термотерапија
① ја подобрува способноста на ткивото.
② помага да се спречи зацврстување на зглобовите.
③ помага за намалување на болката.
④ помага за ослободување на мускулната
напнатост
⑤ го зголемува протокот на крв
⑥ ги намалува симптомите на воспаление и едема.

지압

Од дамнешни времиња луѓето инстинктивно го допираат, го протриваат или го притискаат местото на болка. И за време на тој повторувачки процес, луѓето пронајдоа области каде што со физичката стимулација намалува болката или е ефикасна во лекувањето на одредени болести. Тоа се прерасна во терапија со притискање со прсти. Затоа терапијата со притискање со прсти постои од самиот почетокот на човештвото. Најчестата форма на терапијата со притискање со прсти е всушност терапијата со источната масажа. Тогаш овој метод бил развиен со употреба на други уреди наместо раце - акупунктура и москибустија.

Терапијата со притискање со прсти се заснова врз точките на акупунктура дефинирани во источната медицина, но тоа, исто така, стана дел и од западните методи за масажа и киропрактика.

Терапија со притискање со прсти
① Со циркулирање на крвта и лимфните жлезди, се одржува метаболизмот.
② Со опуштање на сите мускули на телото, ја намалува напнатоста во вкочанетите мускули.
③ Ги коригира деформираните лигаменти, мускулите и тетивите.
④ Со стимулирање на точките на акупунктура, се врши контрола на телесните органи.
⑤ Контрола на централниот нервен систем, односно автономниот нервен систем, кој е најважниот систем во човечкото тело.
⑥ Со контролирање на нарушената работа на ендокринот, се помага во намалување на заморот.

Притискањето со прсти е одличен метод за лекување на замор, главоболка, несоница, гастроптоза, умор, болки во рамена, менструални болки, замор на очите и за спречување на настинка. Исто така е добар метод за контрола на тежината и е корисен за одржување на еластичноста кожата.

뜸

Моксибустија е форма на термотерапија која започнува со благо горење во областа на болка. Тоа подразбира додавање различни видови лековити билки. Нејзината теоретска заднина се заснова врз меридијанските патишта и точките за акупунктура. Овој метод на стимулација е дел од третманите со акупунктура, односно е ефикасен исто колку и фармацевтските третмани. Денес, моксибустијата се смета како медицински метод за подобрување на функционирањето на човечките органи.

Главните ефекти на моксибустијата
① ги активира клетките
② помага да се подобри циркулацијата на крвта
③ моксибустијата ја обновува крвта
④ го контролира празнењето на хормоните
⑤ го контролира нервниот систем
⑥ го контролира функционирањето на
внатрешните органи
⑦ ја ублажува болката

Дури и највисоките куќи се како оние што се изградени од песок ако нивните столбови се слаби. Столбот е животот на една куќа. Тогаш кој е столбот на нашето тело? Тоа е нашиот ’рбетот. Затоа, ако имаме проблеми со ’рбетот, тогаш ќе имаме различни проблеми и постојано ќе треба да ги отстрануваме овие проблеми. Па изгледа ’рбетот и кои се неговите улоги?

척추는 우리 몸의 기둥

’Рбетот е столб на нашето тело. ’Рбетниот мозок исто така е сместен во ’рбетот, поврзан е со мозокот и ги контролира сите функции во нашето тело. ’Рбетот ја издржува нашата телесна тежина и го штити ’рбетниот мозок кој комуницира со сите наши делови од телото директно од мозокот.

생명선을 보호하는 중심축

31 пар ’рбетни нерви кои потекнуваат од рбетниот мозок се распространети низ прешлените и се поврзани со органите на телото, мускулите, крвните садови, лигаментите и ткивата на кожата. 'Рбетниот мозок и ’рбетните нерви ги контролираат сите наши сетила, движењето, држењето, телесната температура, отчукувањата на срцето, дишењето, нивото на шеќер во крвта и сите други телесни функции.

척추 건강은 인생 건강의 기본

Нашиот ’рбетот е во форма на буквата S. Со таква природна крива структура, целото наше тело ефикасно е поткрепено и е добро избалансирано за право држење на телото. Затоа, ние не сме предодредени да страдаме од лумбаго, болка во рамото и раката. Тоа е резултат на лошите навики, нередовни вежби, стрес, несреќи и генетски проблеми. Проблемите со рбетот заедно со лумбагото и многу други нарушувања произлегуваат од ’рбетот. Според тоа може да се види колку е важен ’рбетот за одржување на добра здравствена состојба.

척추의 역활


우리 몸의 생명선, 신경계

Кога сетилата, како што се очите и ушите се стимулирани со светлина и звук, се пренесуваат со голема брзина до мозокот и 'рбетниот мозок преку периферни нерви. Овој процес ни дава чувство на сетилата. Централниот нерв на мускулите или на секој орган им испраќа соодветни наредби за контрола на различни функции на телото. Па периферните нерви и централниот нерв примаат различни стимулации од секој агол на нашето тело, а со одговор на овие стимулации, тие гарантираат дека нашето тело соодветно функционира. Мозокот, 'рбетниот мозок и периферните нерви заедно се нарекуваат нервен систем.

'Рбетниот мозок пренесува информации до мозокот, коишто влегуваат во телото преку периферните нерви. Ги испраќа сите наредби на мозокот до сите органи. 'Рбетните нерви ја играат оваа улога, бидејќи мозокот не може директно да испрати наредби до екстремитетите. 'Рбетниот мозок ја игра улогата на посредник, бидејќи мозокот не може да прати сигнали до рацете и нозете. Затоа мозочните сигнали се праќаат само до 'рбетниот мозок со многу голема брзина.

신경계의 부모 중추신경계

Нервниот систем е поделен на централни нерви и периферните нерви. Централните нерви се поврзани со мозокот и 'рбетниот мозок; мозокот е во черепот и е составен од голем мозок, среден мозок, меѓумозок и мал мозок. 'Рбетниот мозок се состои од нервите внатре во' рбетот и е поврзан со малиот мозок.

중추신경계의 자식들 말초신경계

Се однесува на сите нерви кои се распространети од мозокот и 'рбетниот мозок и се распоредени до сите органи и ткива од телото. Периферниот нервен систем е поделен на соматски нервен систем (потчинет на церебрумот) и автономниот нервен систем (не е потчинет на церебрумот).

대뇌 말을 잘 듣는 체성신경계

Нервниот систем произлегува од мозокот и се распространува до сите делови на телото. Ако доаѓа од мозокот, се нарекува церебрален нерв, ако доаѓа од 'рбетниот мозок, се нарекува 'рбетен нерв. Има 12 пара церебрална нерви од мозокот и распространети околу лицето. Има 31 пар 'рбетниот нерви од' рбетниот мозок и се распространети до телото и екстремитетите.

대뇌 말을 잘 듣지 않는 자율신경계

Автономниот нервен систем е дистрибуиран до срцето, крвните садови, белите дробови и дигестивниот систем. Тој не е потчинет на церебрумот; ги контролира функциите на внатрешните органи сам по себе. Автономниот нервен систем е составен од симпатички нервни и парасимпатички нерви. Како што е прикажано во следната табела, кога едната страна работи забрзано, другата страна е воздржана. На пример, ако срцето е забрзано со симпатичкиот нервен систем, парасимпатичките нерви ја намалуваат брзината на работата.


Се вели дека за одржување на здравјето, треба да се консумира многу вода. Не постои ништо што е подобро од водата за поттикнување на непречена циркулацијата на крвта. Без циркулацијата на крвта, умираме. Затоа крвта е нашиот извор на животот. Меѓутоа, ако рбетот е искривен или изместен, сите нерви поврзани со циркулацијата на крвта ќе почнат да имаат проблеми. Треба да се знае зошто искривениот 'рбет е причина за сите болести.

피가 돌아야 생명이 돈다

Повеќето од крв се произведува во рбетот. Затоа, ако рбетот е искривен или изместен, крвта не се произведува правилно, а 'рбетните нерви - кои раководат со нервниот систем за циркулацијата на крвта, ќе бидат под притисок, предизвикувајќи проблеми во секој орган, а на тој начин се намалува циркулацијата на крвта.

Значи, ако ги отстраниме причините, циркулацијата на крвта ќе се подобри?

За жал живееме во средина каде што едноставно не можат да се отстранат сите пречки за подобрување на циркулацијата на крвта. Загадувањето на животната средина, храната со различни адитиви и околината во која има токсични хемикалии ја попречуваат добра циркулацијана крвта. Сите овие загадувачки супстанции во комбинација со стрес го зголемуваат нивото на отпадни материи во нашата крв, а ние лесно се разболуваме. Ова лесно може да се види од фактот дека никој не е целосно имун на болести.
Во западната медицина, причините за болести се бактерии, вируси и генетика, но во источна медицина, главна причина за болестите е на нарушувањето на циркулацијата.
Загадената крвта, нечистотија во крвта, се акумулира на едно место, тогаш луѓето почнуваат да покажуваат различни симптоми. Симптомите се различни кај различни личности. Може да се појават чирови во утробата, миомот, циститис, фригидност, простатит, импотенција, ладни екстремитети, артритис, а може да се појави и болки во грбот. Ако загадената крв се исчисти и се отпушат блокирани крвните садови, тогаш циркулацијата на крвта станува нормална.
Причината за загадена крв, за разлика од вирус или бактерија, може да биде од нарушена работа на слезината за да може да се отстранат нечистотиите или нарушена работа на црниот дроб и не се прочистува крвта. Слезината и црниот дроб се органите кои ги неутрализираат токсините и ја елиминираат загадената крв, и проблемот се јавува ако некој од овие органи не функционира правилно. Тогаш зошто органите како што се слезината и црниот дроб не функционираат како што треба? Пред сè, затоа што 'рбетот е искривен или се стеснил премин до рбетните нерви и врши се притискаат 'рбетните нерви.

척추가 바로서야 피도 잘 돈다

Во алтернативна медицина, слезината и црниот дроб ја контролираат циркулацијата на крвта, но во западната медицина, срцето и бубрезите се оние што ја вршат оваа задача. Сепак, фактот дека овие органи се поврзани со 'рбетниот нерв не е толку различен. Поголемиот дел од нашите човечки органи се поврзани со автономните нерви од торакални пршлени.
Од перспектива на киропрактиката (форма на алтернативна медицина), торакалниот пршлени 1 е поврзан со бронхијата, број 2 со срцето, 3 со белите дробови, 4 со жолчен меур, 5 со црниот дроб, 7 со панкреасот, 8 со слезината, 9 - 11 со бубрезите, а 12 е поврзан со тенкото црево. Ако делови од овие торакални пршлени се искривени, тогаш 'рбетните нерви се потиснуваат, предизвикувајќи несоодветна работа на органите. На пример, ако има проблем со торакален пршлени 3, тогаш луѓето се подложни на болести како плевритис и пневмонија.
Слезината и црниот дроб се поврзани со торакалните пршлени 5 и 8, и ако се јават проблеми во овие делови, тогаш може да има проблеми со циркулацијата на крвта. Исто така, од аспект на западната медицина, срцето и бубрезите се поврзани со торакалните пршлени 9 - 11, затоа лесно може да се види дека циркулацијата на крвта е поврзана со 'рбетот. Значи, за да се избегнат нарушувањата на на циркулацијата на крвта, 'рбетот мора да биде соодветно поставен и прав.
Ако 'рбетот е искривени или изместен, крвта не се произведува правилно, и почнуваат да се јавуваат проблеми со органите поради притискање на 'рбетните нерви, предизвикувајќи несоодветна циркулацијата на крвта


Нашето тело е сложена мрежа на нерви која започнува од мозокот до 'рбетните нерви, а потоа до периферните нерви и автономниот нервен систем. Ако само еден од овие не функционира нормално, работата на нашето тело како целина почнува да се нарушува. Особено, ако 'рбетните нерви, кои играат централна улога во поврзување на мозокот со другиот нервен систем, почнат да не функционираат нормално, нашето тело едноставно претрпува хаос. Затоа секогаш мора да правиме напори за да го држиме нашиот грб во исправна положба.

장기와 밀접하게 연결된 신경

Клиничката терапија со масажа, како што е киропрактиката потсетува на тоа како нервите од 'рбетот се поврзани со органите, и каде во 'рбетот треба да се стимулираат за да се отстрани нарушената функција на некој орган итн. Други терапии поврзани со подобрување на здравјето преку нега на рбетот се многу сличните третмани на рбетот. Тоа е лесно да се знае врз основа на тоа дека нервите не се поврзани само со мускулите кои нашето тело ги користи за движење, туку и со органите од нашето тело како и. Тогаш како 'рбетот и органите се надополнуваат? Одговорот може да се изведе од предавањата на американски киропрактичари – Здружение на медицински експерти за рбет. Тоа не мора да значи дека нервите и внатрешни органи е поврзани нишка по нишка. Затоа, толкувањето на таквата терапија може да биде различно во зависност од различните перспективи. Сепак, јасно е дека 'рбетните нерви се меѓусебно поврзани со органите од нашето тело.